Елитната 26-та падобранска регeмента во Цвајбрикен е во центарот на шокантен скандал, откако истрагите открија сексуално вознемирување, употреба на дрога и симпатии кон десничарски екстремизам меѓу нејзините припадници. Според обвинителството, неколку војници се товарат за истакнување на нацистички симболи, закани со насилство и кршење на воената дисциплина.
Министерот за одбрана Борис Писториус ја опиша ситуацијата како „шокантна“ и нагласи дека ваквото однесување е недозволиво и директно ги крши основните вредности на Бундесверот. Командантот на единицата, полковникот Оливер Хенкел, е суспендиран додека трае истрагата, иако негира каква било вмешаност.
До сега се проверени 55 припадници на единицата: тројца се отпуштени, против 19 е покрената дисциплинска постапка, а 16 случаи се предадени на обвинителството. Војската најави посебен „акциски план“ за падобранските сили, со порака дека нема простор за насилство, сексизам или екстремизам.
Скандалот се појавува во критичен момент, веднаш по воведувањето на доброволното служење во војска, што е клучен дел од стратегијата на Германија за зајакнување на своите вооружени сили.









