Во водите на Охридското Езеро, кај Музејот на вода, денеска нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид го запалија традиционалниот василичарски оган. Овој чин е симболичен поздрав до православните христијани за Стара нова година и празникот Василица.
Со оваа активност, нуркачите од „Амфора“ се вклучија во празничната програма на градот, која го означува почетокот на сезоната на чествување на Богојавленије – Водици и на празникот Св. Јован Крстител, кој традиционално е посветен на рибарите.
Организаторите истакнуваат дека ваквите настани ја збогатуваат празничната атмосфера во Охрид и ја одржуваат врската меѓу локалната традиција и водените активности на езерото.










