Tuesday, January 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Одложена главната расправа за трагедијата во „Пулс“

by Redakcija
13.01.2026
in Македонија

Главната расправа за трагедијата во дискотеката „Пулс“ е одложена и ќе продолжи на 26 јануари, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. Рочиштето што беше закажано за утре е отповикано по барање на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која е бранителка на еден од обвинетите.

Причината за одлагањето е тоа што Јошевска-Анастасовска од вчера е избрана за членка на Судскиот совет, поради што, согласно закон, повеќе не може да ја извршува адвокатската дејност. Судот оцени дека на обвинетиот мора да му се овозможи да ангажира нов бранител и да му се даде разумен рок новиот адвокат да се запознае со предметот.

Од Кривичниот суд информираат дека одлуката се однесува само на утрешното рочиште, додека сите досега одржани расправи и изведени докази остануваат важечки, а постапката продолжува на веќе утврдениот термин – 26 јануари.

Сузана Јошевска-Анастасовска беше избрана за членка на Судскиот совет на вчерашната седница на Собранието, заедно со вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ, по предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Судењето за „Пулс“ се наоѓа во доказна постапка и требаше да продолжи со сослушување на законските застапници на оштетените. На почетокот на процесот, сите 35 обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни, иако дел од нив изразија сочувство кон семејствата на жртвите.

Во воведното излагање, обвинителот Борче Јанев посочи дека постапката има цел да утврди и индивидуална и институционална одговорност, нагласувајќи дека трагедијата е резултат на долгогодишни системски пропусти и недостиг на контрола. Одбраната, пак, тврди дека станува збор за институционален неуспех, а не за поединечна вина.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година за време на настап на музичката група „ДНК“, кога во објектот имало повеќе посетители од дозволеното, биле користени пиротехнички средства без одобрение, а локалот со години работел без исполнети минимално-технички и противпожарни услови.

Фото: Нова Македонија

Next Post

(ВИДЕО) ВОЗЕЛ КАКО ЛУД И СЕ СНИМАЛ: Нови шокантни детали за возачот од Капиштец

НАФТОВОДОТ СОЛУН–СКОПЈЕ ПОВТОРНО ВО ПОГОН, ПОЧНА ИСПОРАКАТА НА ДИЗЕЛ ПО 13 ГОДИНИ ПАУЗА

Препорачани Вести

Политички потрес во Париз: Премиерот Лекорну поднесе оставка неколку часа по формирањето влада

Политички потрес во Париз: Премиерот Лекорну поднесе оставка неколку часа по формирањето влада

3 months ago

Милошоски: Предлог за заедничка резолуција со Бугарија за потврда на македонскиот идентитет и јазик

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ТЕТОВО: Едно лице загина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Верижен судар на „Теодосиј Гологанов“ – четири возила оштетени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска Кочоска: Успешна 10-та Еврообврзница со рекорден интерес од инвеститорите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИЗВЕСТУВАЊЕ од Ски центар Попова Шапка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонското друштво “Илинден“-Тирана: Честитка по повод Стара нова година – Василица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.