СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Општина Кичево ги известува сите граѓани дека на територијата на општината е евидентирана зачестена злоупотреба на издадените Одобренија за градење.
Во Одделението за инспекциски работи – Инспекторатот на Општина Кичево се водат постапки за објекти кај кои не е испочитувано Одобрението за градење, поради што статусот на тие објекти е доведен во прашање, а имотните листови на инвеститорите може да претрпат одредени измени.
Апел до граѓаните:
При купување станови, особено на оние кои се изложени на продажба, пристапувајте со зголемено внимание.
Ги повикуваме граѓаните пред потпишување на било какви купопродажни договори да се обратат во просториите на Општина Кичево и да побараат подетални информации за конкретните објекти, со цел да бидат заштитени од евентуални манипулации и злоупотреби.
Информирајте се навреме – заштитете го вашиот имот!










