На 12 јануари 2026 година во периодот од 11:00 до 15:00 часот, на железен мост на реката Зуица, во близина на регионалниот пат Прдејци – Смоквица, е пријавено дека со употреба на алат и физичка сила се пресечени и уништени три типа на кабли кои служат за контрола и командување на сигнално-сигурносните уреди за железничкиот сообраќај.
Саботажата го загрози нормалното функционирање на пругата, а надлежните служби веднаш преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. Се истражуваат сите детали за да се утврди мотивот и начинот на извршување на делото.









