Верижен судар со учество на четири возила се случи на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на маркетот „Веро“. Според првичните информации, дел од возилата се сериозно оштетени.
На местото на настанот се очекува да пристигнат надлежните служби за вршење увид, по што ќе се утврдат причините за несреќата и евентуалните повредени лица.
Поради сообраќајната незгода, движењето на овој дел од булеварот се одвива отежнато, а возачите се советуваат да бидат внимателни.









