Wednesday, January 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Апасиев: Договорено до крајот на пролетта да се донесе нов Изборен законик

by Redakcija
14.01.2026
in Македонија

Лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, по речиси тричасовната лидерска средба во Клубот на пратениците, ја оцени средбата како „изненадувачки првпат конструктивна“. Средбата ја иницирал премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Апасиев рече дека е начелно договорено нов Изборен законик да се донесе до крајот на пролетта, јуни, и дека дискусијата за неговите модалитети ќе продолжи на ниво на координаторите на пратеничките групи во Собранието, во соработка со некои министри од Владата. Тој посочи дека темите за изборен цензус, една изборна единица и отворени или затворени листи се дел од преговорите.

Во врска со техничката влада, Апасиев истакна дека се разговарало за две варијанти – нејзино укинување веднаш или по следните парламентарни избори, зависно од ставот на СДСМ.

Апасиев исто така ги истакна предлозите на Левицата за избирање на омбудсман, кој, според него, треба да биде припадник на ромската заедница, која, како што рече, е најдискриминирана и нема доволно застапеност во институциите.

Од економските теми, Левицата на средбата ги отвори прашањата за минималната плата и за апанажа и патни трошоци на пратениците и јавните функционери, но за нив не било постигнато разбирање. Исто така, се дискутирало за обесштетување на семејствата на жртвите од Кочани, за кое, според Апасиев, нема слух од другите партии.

– Средбата помина во конструктивна атмосфера, што за мене беше изненадувачки, и ќе продолжиме да инсистираме на овие сензитивни теми – заклучи Апасиев.

Next Post

ДИК ги потврди новите градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа

Во Битола се одржа традиционалниот обред на Бабарите: Демоните и ѓаолите беа истерувани од градот

Препорачани Вести

Оспособени се 8 карго-локомотиви и 6 патнички возови

11 months ago
САД и Индија потпишаа десетгодишен пакт: Заедно против едно нешто

САД и Индија потпишаа десетгодишен пакт: Заедно против едно нешто

3 months ago

Популарни Вести

  • Американска подморница со „Томахавк“ на Блискиот Исток – подготовка за можен напад врз Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гренланд и Данска ја зацврстија позицијата против американската амбиција за Гренланд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран со остри пораки до Вашингтон: Подготвени сме за одбрана и одговор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германија испраќа воена мисија во Гренланд по барање на Данска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува политичкиот ќор-сокак во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.