Вчера околу 21 часот во селото Крушопек, скопско, полициски службеници од СВР Скопје привеле четири лица по пријава за насилен инцидент во двор на магацин во селото Лака.
Лишени од слобода се И.Д. (30), А.Д. (36), Б.Д. (65) и Н.Д. (42), сите жители на Крушопек, кои, според пријавата, физички ги нападнале М.Н. (50) од истото село, неговиот брат и неговиот син, при што биле употребени и остри предмети.
Како што е наведено во полициските информации, нападнатите возвратиле на нападот, по што бил повикан и полициски тим кој интервенирал на лице место.
Случајот се документира и по неговото целосно расчистување ќе биде поднесена соодветна пријава против инволвираните лица.







