Thursday, January 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Костадинов ја обнови партиската припадност во СДСМ: „Единството бара подавање рака“

by Redakcija
14.01.2026
in Република

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, по речиси шест месеци, ја одмрзна својата партиска припадност во СДСМ. Тој самата одлука ја објави на својот Фејсбук-профил, нагласувајќи дека останува верен на своите претходни ставови и позиции по прашања од јавен интерес.

– Сакам јасно да истакнам дека овој чекор не значи промена или повлекување на моите ставови. Во овој момент не најавувам активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно. Единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во името на секој социјалдемократ – напиша Костадинов.

Тој го замрзна своето членство во јули минатата година, откако СДСМ одлучи за кандидат за градоначалник на Струмица да го предложи општинскиот претседател на партијата, Марјан Даскаловски. Во тоа време, Костадинов појасни дека неговата одлука не е крај на политичкиот ангажман, туку момент на искреност и доследност кон граѓаните и градот.

– Во изминатите 11 години не изгубив ниту еден избор, затоа што луѓето гледаа работа, доследност и љубов кон градот. Секој проект, секој парк, секоја пешачка патека ги градев како да се за моето семејство – истакна тогаш Костадинов.

Со одмрзнувањето на членството, тој ја потврди својата подготвеност за продолжување на дијалогот во партијата и за зајакнување на единството меѓу социјалдемократите.

Next Post

ЗНАМ: Пржинската техничка влада треба да се укине, поддржуваме една изборна единица и реформски закони

Апасиев: Договорено до крајот на пролетта да се донесе нов Изборен законик

Препорачани Вести

Спасувачка драма во Грција: Девет деца биле однесени на отворено море, интервенирала и крајбрежната стража

Спасувачка драма во Грција: Девет деца биле однесени на отворено море, интервенирала и крајбрежната стража

5 months ago

Нов обвинителен предлог за Мерко – нелегално осветлување на Црн Дрим, оштетена општинската каса за 6,7 милиони денари

4 months ago

Популарни Вести

  • Американска подморница со „Томахавк“ на Блискиот Исток – подготовка за можен напад врз Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гренланд и Данска ја зацврстија позицијата против американската амбиција за Гренланд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран со остри пораки до Вашингтон: Подготвени сме за одбрана и одговор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германија испраќа воена мисија во Гренланд по барање на Данска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува политичкиот ќор-сокак во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.