Поради дефект на главната водоводна мрежа на улицата Благоја Тоска, во прекин е снабдувањето со вода за пиење во еден дел од градот Тетово.
Од Јавното комунално претпријатие „Шари“ информираат дека нивните екипи се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот со цел што побрзо нормализирање на водоснабдувањето.
Од претпријатието апелираат до граѓаните за трпение и разбирање, нагласувајќи дека снабдувањето со вода ќе биде обновено веднаш по целосната санација на проблемот.










