Wednesday, January 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Романската патријаршија категорично против легализацијата на проституцијата

by Simovski
14.01.2026
in Балкан
crkva romanija

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Романската патријаршија јасно го изрази својот став против иницијативата за легализација на проституцијата, предупредувајќи дека таков потег е во директен судир со православното христијанско учење и со почитта кон човечкото достоинство.

Во официјалното соопштение, црквата ја опишува проституцијата како „сериозна форма на експлоатација и комерцијализација на човечкото тело за финансиска добивка“, која носи длабоки негативни последици за поединецот, но и за целото општество. Патријаршијата предупредува дека легализацијата не само што не ги решава социјалните проблеми поврзани со оваа практика, туку напротив – ги продлабочува: „Таа поттикнува занемарување на човечкото достоинство и води кон морална деградација на општеството.“

Црквата ја потсетува јавноста и на меѓународната обврзаност на Романија. Како потписничка на Конвенцијата на Обединетите нации за сузбивање на трговијата со луѓе, државата е должна да ги забрани сите облици на организирана проституција. „Проституцијата е неспоивa со достоинството на човечката личност и ги загрозува благосостојбата на поединецот, семејството и заедницата“, се наведува во документот.

Во објаснувањето на црковниот став, Патријаршијата се повикува на Светото писмо и традиционалното православно учење. Проституцијата, според ова учење, е „неспојлива со духовниот живот“ (сп. Второзаконие 23:17; 1 Сол. 4:3), а човечкото тело е „храм на Светиот Дух“ (1 Кор. 6:19). Секој облик на сексуална експлоатација или понижувачка употреба на телото, предупредуваат од Патријаршијата, оставува трајни физички, психолошки и духовни последици.

Патријаршијата истакнува дека легализацијата не би ја спречила трговијата со луѓе и не би го намалила ризикот од сексуална експлоатација. Напротив, постои реална опасност да се создаде правна рамка која би овозможила ширење на практики што се неспоиви со човечката слобода и достоинство.

„Во моментот кога законодавни иницијативи јасно се спротивставуваат на моралните вредности и на учењето на Православната црква, нашата должност е јавно да реагираме“, порачаа од Романската патријаршија, нагласувајќи ја потребата од цврст и недвосмислен став.

Со ова соопштение, црквата не само што ја потврдува својата морална позиција, туку и повикува на заштита на човечкото достоинство и духовните вредности во современото општество во Романија.

Next Post
komercijalna banka

Комерцијална банка заработи 253.000 евра од продажба на 558 свои акции

vevcanski karneval

Вевчанскиот карневал ја затвора сцената со традиционалното василичарско оро и палење на маските

Препорачани Вести

Кина и Јужна Америка со рекордна трговска размена од над 500 милијарди долари

Кина и Јужна Америка со рекордна трговска размена од над 500 милијарди долари

8 months ago

Свети ВМРО да е, ако направил грешка, ќе одговара, рече Мицкоски за градоначалникот на Кочани

10 months ago

Популарни Вести

  • sud

    Трансформација на Српското судство: Речиси целосна замена на кадрите за 12 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Франција во демографска криза: По првпат по Втората светска војна, повеќе луѓе умираат отколку што се раѓаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гренланд: Замрзнатиот рај на природните богатства кој го буди светското геополитичко внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијани зад волан: осум возачи приведени, а еден во Битола предизвикал несреќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 1,35 милијарди евра инвестиции во нови енергетски капацитети во 2025 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.