Wednesday, January 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Важни информации доколку патувате кон Маврово и Попова Шапка!

by Redakcija
14.01.2026
in Република

СВР Тетово со низа мерки и постапувања во зимски услови за непречено одвивање на сообраќајот во Маврово и Попова Шапка. 

– Секторот за внатрешни работи Тетово постапува согласно годишен план за постапување во зимски услови во зимските рекреативни центри Маврово и Попова Шапка, но и во целото подрачје што го покрива. Како и минатата година, така и оваа година на подрачјата на Маврово и Попова Шапка се воведува кружен тек на движење на возилата за да се избегне секој вид на блокирање на патот. Но, поради одредени неодговорни возачи кои не го почитуваат тоа правило дооаѓа до целосно блокирање на сообраќајот. Исто така, проблем претставува и паркирањето на возила покрај патот со што се оневозможува на надлежните институции за целосно чистење на патот и на тој начин уште повеќе се отежнува движењето во сообраќајот, односно на некои делници од патот кон Маврово нема можност за двонасочен сообраќај, информираа од МВР. 

Пред почетокот на сезоната, Отсекот за превенција при СВР Тетово во неколку наврати одржа состаноци со менаџери и сопственици на хотели и угостителски објекти во овие два туристички локалитети, при што беше укажано да преземаат соодветни мерки во нивниот делокруг на работа за безбедноста на посетителите, а и во однос на обезбедување на доволен број паркинг места за нивните клиенти.

– За да не се повторат ситуации од претходните години во Маврово и Попова Шапка, кога СВР Тетово дополнително ангажираше полициски службеници од другите полициски одделенија за физичко регулирање со наизменично пуштање на возилата и расчистување на сообраќајот, СВР Тетово апелира до граѓаните, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не ги паркираат нивните возила на коловоз, да ги почитуваат наредбите од полициските службеници и да не тргнуваат кон овие локации без соодветна зимска опрема, известија од полицијата. 

– Само на тој начин сите заедно ќе придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот. СВР Тетово ги известува граѓаните дека ќе бидат ангажирани и пајак службите на Тетово и Гостивар секогаш кога некое возило ќе го попречува сообраќајот, односно ќе биде подигнато и законски санкционирано, додаваат од МВР. 

Next Post

Уапсени осум возачи - МВР со детали

teheran

Иран предупредува: Американските бази во регионот ќе бидат цел доколку САД нè нападнат

Препорачани Вести

Ноќна рација во Тетово: Кокаин, ножеви и затворање на угостителски објекти

9 months ago

Смртоносен напад врз Суми: Русија со ракетен оган врз цивилни цели, загинаа најмалку три лица

7 months ago

Популарни Вести

  • Известување до жителите на општина Јегуновце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа без чекање на Трамп: Мецола бара итни санкции врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Миркуловски верува во изненадување и покрај тешката група

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Не се размислува за укинување на „МојДДВ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Електроснабдувањето во Србија се стабилизира, вонредната состојба останува во осум општини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.