Проектот „Safe City“ (Безбеден град) треба да започне со примена од 1 февруари, откако на лидерската средба во Клубот за пратеници бил постигнат компромис за клучното законско решение, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.
Во изјава за медиумите, Мицкоски истакна дека приоритет во моментов е усвојувањето на измените на Законот за прекршоци, кои се неопходни за системот да може да функционира според планираното.
„За мене ова е најакутното прашање во моментов и мислам дека денес успеавме да најдеме компромис за Законот за прекршоците, за ‘Safe City’ да може да стартува од први февруари, како што е предвидено“, изјави премиерот.
Тој потсети дека станува збор за закон кој треба да биде изгласан со двотретинско мнозинство, што бара поширок политички консензус во Собранието.










