Friday, January 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Разбиена нелегална поштенска мрежа: Запленети 166 пратки вредни речиси 240 илјади денари

by Redakcija
15.01.2026
in Црна Хроника

Царински инспектори од Одделението за истраги, во заедничка акција со Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес во фирма осомничена за незаконско вршење меѓународни поштенски услуги и криумчарење стока.

При контролата биле откриени вкупно 166 поштенски пратки со различна содржина, чија вкупна вредност се проценува на околу 240 илјади денари. Станува збор за стока која во земјава била внесувана без пријава кај царинските органи и без исполнување на законските услови за поштенски сообраќај.

Според надлежните, фирмата немала соодветна лиценца за вршење меѓународни поштенски услуги и пратките ги транспортирала преку гранични премини со возила, по што ги складирала во сопствен магацин со цел нивна понатамошна дистрибуција до нарачателите, за што наплаќала паричен надомест.

Целокупната криумчарена стока е запленета, а против едно правно и едно физичко лице е поднесена кривична пријава за прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

Од Царинската управа информираат дека контролите ќе продолжат и во наредниот период со цел спречување на нелегалната трговија, заштита на државниот буџет и обезбедување фер услови за сите компании што работат согласно закон.

Next Post
sofija

Протести за компјутерско гласање во Софија

Русија ќе употреби воена сила во Европа: Членка на ЕУ и НАТО се подготвува за војна, набавува оружје, децата учат да користат дронови

Препорачани Вести

Омерагиќ: Не го искористивме успехот со пласманот на европското првенство

6 months ago

Кубилиус предупредува: Американска окупација на Гренланд би ја довела во прашање иднината на НАТО

4 days ago

Популарни Вести

  • НЕТПРЕС ги откри имињата: Кои се уапсените и кај кого имало претреси во акцијата за даночно затајување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неофицијално над 10 лица уапсени во акција за организирано даночно затајување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД ПЛАНИРААТ ЗАСИЛЕНА ПРИСУТНОСТ ВО ГРЕНЛАНД: „ЕВРОПСКИТЕ СИЛИ НЕ ГО ПРОМЕНУВААТ НАШИОТ ПРИОРИТЕТ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре прекин на електрична енергија во три трговски села

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ферстапен останува во Ред Бул до 2028 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.