среда, март 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Разбиена нелегална поштенска мрежа: Запленети 166 пратки вредни речиси 240 илјади денари

by Redakcija
15.01.2026
in Црна Хроника

Царински инспектори од Одделението за истраги, во заедничка акција со Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат, извршија претрес во фирма осомничена за незаконско вршење меѓународни поштенски услуги и криумчарење стока.

При контролата биле откриени вкупно 166 поштенски пратки со различна содржина, чија вкупна вредност се проценува на околу 240 илјади денари. Станува збор за стока која во земјава била внесувана без пријава кај царинските органи и без исполнување на законските услови за поштенски сообраќај.

Според надлежните, фирмата немала соодветна лиценца за вршење меѓународни поштенски услуги и пратките ги транспортирала преку гранични премини со возила, по што ги складирала во сопствен магацин со цел нивна понатамошна дистрибуција до нарачателите, за што наплаќала паричен надомест.

Целокупната криумчарена стока е запленета, а против едно правно и едно физичко лице е поднесена кривична пријава за прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

Од Царинската управа информираат дека контролите ќе продолжат и во наредниот период со цел спречување на нелегалната трговија, заштита на државниот буџет и обезбедување фер услови за сите компании што работат согласно закон.

Related Posts

48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош

03.03.2026

Смртна сообраќајна несреќа: автомобил „БМВ“ излетал од коловозот кај Мирковци

03.03.2026

Полицијата истражува случај на вознемирување на ученичка во Тетово

03.03.2026

Еве за што сè ќе одговара насилникот Стојанче

03.03.2026

Девет возачи лишени од слобода поради прекршоци во сообраќајот

03.03.2026

Соопштение од СВР Тетово – За починатото 10-годишно момче

03.03.2026

Препорачани Вести

Злато за САЕ „Тигар“ на меѓународниот полициски натпревар во Хрватска

6 дена ago

Цената на јајцата падна под 270 денари – олеснување за потрошувачите

2 месеци ago

Популарни Вести

  • sobranie

    Собранието денес одлучува за нови заменици-министри за одбрана и образование

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сончево претпладне, попладне зголемена облачност, температури до 17 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Важна вест за македонските граѓани кои се во Абу Даби: Пријавете се, се организира комерцијален лет за евакуација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски понудил решение за заштита на небото на Блискиот Исток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.