На 14.01.2026 во 13:30 часот на ул.„Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ф.Ш.(26) од тетовско, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период следел и вознемирувал 21-годишна девојка од Тетово. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против Ф.Ш. ќе следува соодветна пријава.









