По долгиот период на високи цени кои го оптоваруваа домашниот буџет, на полиците во маркетите се забележува значително поевтинување на јајцата. Доколку до неодамна таблата со 30 јајца ги надминуваше „психолошките граници“ и се продаваше за над 300 денари, денес ситуацијата е поинаква.
Според последните набљудувања на терен, таблата од 30 јајца (класа М) сега се продава по цена од 269 денари, што претставува сериозно олеснување за потрошувачите, особено по серијата поскапувања на основните прехранбени производи.
За помалите пакувања, цените се следни:
Класа Л (10 јајца): 99 денари Јајца од слободно одгледување (10 јајца, класа М): околу 109 денари
Граѓаните со воздржан оптимизам ја дочекуваат новата цена. „Конечно малку да здивнеме. Табла јајца за 270 денари е многу поприфатливо отколку кога беше над 320. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и кај другите млечни и месни производи,“ велат купувачите.
Сепак, останува да се види дали падот на цените е резултат на моменталната понуда на пазарот или најавува постабилни цени во наредниот период. Засега, трговците ги полнат полиците, а граѓаните го користат моментот за да ги пополнат фрижидерите.










