Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Едно женско меѓу стотина мажи на традиционалното фрлање на Светиот крст во Прилеп

by Redakcija
16.01.2026
in Република

Околу 100 верници од Прилеп ќе учествуваат на традиционалното фрлање на Светиот крст во осветените води на Аква базенот во хотелот „Салида“ во понеделник на Богојавление – Водици. Меѓу пријавените, само едно учесничко е женско.

Во рамките на Општина Прилеп, над 500 верници ќе учествуваат на 20 локации за положување на Светиот крст. Покрај централниот настан, крстот ќе биде положен и во реките и базените во населенијата Селце, Витолиште, Бешиште, Полчиште, Ново Лагово, Загорани, Кадино Село, Мало и Големо Коњари, Беровци, Клепач, Ерековци, Галичани, Чепигово, Подмол, Алинци, Тополчани, Плетвар и Штавица.

Утрото на Водици, во црквата „Св. Благовештение“, по пуштањето на гулабите во 6:30 часот и свечената божествена литургија, симболично ќе се фрли Светиот крст и во фонтаната во дворот на црквата околу 9:30 часот. Овој настан е наменет за дечиња до 13 години, кои ќе го извадат крстот од водата.

Градоначалникот Дејан Проданоски, претседателката на Советот и делегации од Советот ќе присуствуваат на сите 20 локации. Локалната самоуправа обезбедила пригодни подароци за сите учесници, а компаниите „Зегин“ и „Евротип“ ќе доделат подароци за оние што први ќе го извадат Светиот крст во Прилеп.

Next Post

Никола Ѓурѓај за Нова Македонија: предизвиците и надежите на македонското малцинство во Албанија

Отворена Светската купа во сноуборд 2026 во Банско

Препорачани Вести

Откриена „Супер-Земја“: Новата планета може да открие дали сме навистина сами во универзумот

8 months ago
Дали знаете што значат дупчињата на вашиот грб?

Дали знаете што значат дупчињата на вашиот грб?

11 months ago

Популарни Вести

  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Хрватска е силен поддржувач на македонската европска перспектива

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ски сезоната на Копанки започнува оваа недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Платите лани се покачија за 9,2% – Славески вели дека околу растот на платите треба одговорно планирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.