Friday, January 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Македонија обезбеди една милијарда евра со најниски каматни стапки во две децении

by Redakcija
16.01.2026
in Економија, Топ Вести

Македонија ја издаде најголемата еврообврзница на меѓународниот пазар по мошне поволни услови, подобри од претходните емисии на вакви хартии од вредност – смета финансискиот аналитичар и професор по меѓународни финансии во Лондон, Милош Старовиќ. Тој вели дека ова е голем успех за Македонија која не е членка на Европската Унија и не е дел од Еврозоната. Министерството за финансии, според него, донело добра одлука за структурата на долгот и рочноста на еврообврзниците од 4 и посебно онаа од 8 години.

Голем успех е тоа што Македонија издаде еврообврзница на стартот на годината. За финансискиот аналитичар Милош Старовиќ, времето на задолжување со еврообврзница во јануари во геополитички нестабилна година каква што не очекува е клучно. Моментумот бил искористен најадекватно, бидејќи тешко се предвидувале промените на  условите на меѓународните пазари.

Македонија пред два дена успешно ја издаде новата 10-та по ред еврообврзница во две транши од по 500 милиони евра или вкупно една милијарда евра. Првата е со помала рочност од 4 години и каматна стапка од 3,875%, а другата е издадена на 8 години со каматна стапка од 4,75% што според надлежните се најниски каматни стапки согласно пазарните услови. Постигнатата рочност од 8 години и нискиот каматен ризик се за првпат издејствувани во изминативе две децении. Министерката за финансии е задоволна од огромниот интерес на инвеститорите чија побарувачка во еден момент достигнала и 4 милијарди евра. Со овие пари ќе се покрива дефицитот, но и ќе се враќа евроонврзницата од 700 милиони евра од 2020-та година. Претходната влада со неколкуте задолжувања на краток рок го зголеми притисокот за враќање огромни долгови за само неколку години. Пресметките покажуваат дека управувањето со јавните финансии треба да биде крајно внимателно бидејќи во следните 5 години за враќање достасуваат долгови од 8,8 милијарди евра.

Next Post
makedonija rakomet

Македонија во дуел со Данска на стартот од ракометното ЕП

zima

Утринските минуси стигнаа до -5°C во Берово

Препорачани Вести

Израел им забрани на илјадници палестински христијани да влезат во Ерусалим за време на Велигден

9 months ago
Утре ќе нема струја во делови од две скопски општини

Утре ќе нема струја во делови од две скопски општини

10 months ago

Популарни Вести

  • БОЖИНОВСКА: Инвестицијата во младите инженери е инвестиција во иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ПОЖАРОТ ШТО ОДНЕСЕ 40 ЖИВОТИ: Нови обвинувања за условите за работа во барот „Констеласион“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НИКОЛОСКИ: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР: Известување до јавноста – Проект „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани, МБИ10 со пад од 0,43%

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.