Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска го посети домот на првороденото дете во општината за 2026 година, при што на малата Исидора, родена на 1 јануари во 00:22 часот, ѝ беа доделени пригодни подароци од Општина Пробиштип и од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Малата Исидора е голема радост за нејзините родители, Бојана и Даниел Филиповски од Пробиштип. Градоначалникот Тоневски упати искрени честитки до семејството, со желби девојчето да расте здраво, среќно и безгрижно, исполнувајќи го домот со љубов и семејна топлина.
Тоневски истакна дека Општина Пробиштип ќе продолжи да ги поддржува семејствата и најмладите жители, со цел создавање подобри услови за квалитетен и безбеден живот во локалната заедница.









