Friday, January 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Милионски финансиски криминал: Осум осомничени во притвор

by Redakcija
16.01.2026
in Црна Хроника

Скопскиот Кривичен суд денеска им определи притвор на осуммина од осомничените за даночно затајување, перење пари и злоупотреба на службената положба, уапсени во вчерашната акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Судот ја прифати најстрогата мерка за обезбедување присуство поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност осомничените да го довршат или повторуваат делото. За девет други осомничени е определена мерка за претпазливост, која вклучува одземање патна исправа, обврска за јавување во суд, забрана за комуникација со одредени лица и забрана за извршување одредени работни активности.

Во акцијата, која опфати вкупно 20 лица, се откри финансиски криминал вреден околу 4,8 милиони евра. Првоосомничениот е српски државјанин и сопственик на две фирми, додека меѓу другите се и раководители во Управата за јавни приходи (УЈП) од Скопје и Гевгелија.

Според ОЈО ГОКК, осомничените бизнисмени со лажни даночни и со помош на вработените во УЈП успеале да избегнат плаќање на данок и да добијат поврат на јавни давачки за нерезидентни фирми, со што буџетот на државата е оштетен за околу 4,8 милиони евра.

Претресите се извршени на 16 локации низ државата, при што биле обезбедени документи, парични средства, оружје и лажни печати од фирми. Акцијата е спроведена по известување на Агенцијата за национална безбедност и со асистенција на Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиско разузнавање.

Од Обвинителството наведуваат дека некои од осомничените веќе се поврзани со истраги за злоупотреби во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, но оваа акција не е продолжение на тие истраги.

Според досегашните докази, вработените во УЈП со злоупотреба на службената положба го оштетиле државниот буџет за околу 2,6 милиони евра, а дел од осомничените вршеле трансфер и подигање на пари со цел прикривање на потеклото на средствата во износ од 1,5 милиони евра.

Next Post

Европа делумно подготвена за дијалог со Русија, Британија останува воздржана

Претседателот Трамп им се закани на сите што се противат на одземањето на Гренланд

Препорачани Вести

Турски угостител во Црна Гора со порака по нападите: „Не создавам хаос, само работам за своето семејство“

3 months ago
Руските разузнавачки служби и Путин ја открија една од најголемите тајни: Еве што навистина се случува во Србија

Руските разузнавачки служби и Путин ја открија една од најголемите тајни: Еве што навистина се случува во Србија

4 months ago

Популарни Вести

  • Никола Ѓурѓај за Нова Македонија: предизвиците и надежите на македонското малцинство во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно женско меѓу стотина мажи на традиционалното фрлање на Светиот крст во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 52-годишник од Тетово приведен по агресивно однесување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка несреќа на патот Битола–Прилеп: Млад возач тешко повреден

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриено автоматско оружје во домот на осомничен за семејно насилство во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.