Синоќа на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „Форд Ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот, соопшти полицијата.
Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Прилеп, каде му била констатирана сериозната повреда.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола, која работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа.










