Поради пукната цевка и дефект на дистрибутивната мрежа, прекината е испораката на топлинска енергија кај дел од потрошувачите во Скопје, информираат од ЕСМ.
Без греење во моментов се корисниците во општините Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда. Од ЕСМ соопштуваат дека екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен и интензивно работат на лоцирање и изолирање на дефектот.
По завршување на интервенцијата, од компанијата уверуваат дека испораката на топлинска енергија ќе биде нормализирана во најкраток можен рок.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100.









