Гостиварецот С.А. (34) вчера попладне пријави во полициската станица во Гостивар дека станал жртва на измама преку СМС порака која го известувала за наводна достава на пакет од „Пошта на Северна Македонија“.
Откако ја посетил лажната веб-страница и ги внел податоците од својата дебитна картичка, од неговата сметка биле извршени неовластени трансакции во неколку наврати, во вкупен износ од 89.106 денари, уплатени на примач во странство.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и апелира до граѓаните да бидат внимателни при отворање на линкови и внесување на лични податоци.








![ЦЕЛ АРСЕНАЛ: Полицијата изврши претрес во Батинци, погледнете што пронајде [ФОТО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/05/473995718_1308532236941904_2377622693071422955_n-424918.png)

