Известување
Ја информираме јавноста дека од страна на МВР Тетово, во соработка со Општинскиот инспекторат, го идентификуваше лицето кое денес ги загади улиците на градот Тетово.
Врз основа на Законот за јавна чистота, одговорното лице ќе биде подложено на мерките и казните предвидени со закон.
Апелираме до граѓаните да се грижат и одговорно да дејствуват кон животната средина и јавните простори, за да може Тетово да биде почист град за сите.
Општина Тетово










