Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

by Redakcija
17.01.2026
in Свет

Индонезиски авион од типот ATR 42-500 со 11 лица исчезна во близина на градот Макасар, а неофицијални информации упатуваат дека можни остатоци се забележани на планинска падина во регионот. Според локалните медиуми, леталото му припаѓало на индонезиското Министерство за поморски работи и рибарство и превезувало осум членови на екипажот и тројца патници.

Контактот со авионот бил изгубен околу 13:17 часот по локално време, додека се приближувал кон аеродромот во Макасар. Службата за следење летови Flightradar24 соопшти дека леталото исчезнало од радарот при лет на ниска надморска височина над океанот, што ја ограничило радарската покриеност. Последниот сигнал бил регистриран во 04:20 часот по UTC, на околу 20 километри североисточно од аеродромот Макасар.

Според информации што кружат на социјалните мрежи, на планински терен во близина на врвот на планината Булу Сараунг биле забележани остатоци што гореле, но индонезиските власти сè уште официјално не ја потврдиле авионската несреќа.

Анди Султан, раководител на операциите на индонезиската агенција за пребарување и спасување во Макасар, изјави дека спасувачките екипи се испратени на терен и дека потрагата е во тек.

Next Post

Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

Трамп се закани со царини за европските земји поради Гренланд: „САД единствени можат да ја гарантираат безбедноста“

Препорачани Вести

Луѓето родени во овој месец живеат најдолго – дали сте меѓу нив?

Луѓето родени во овој месец живеат најдолго – дали сте меѓу нив?

7 months ago

Кога сме заедно можеме да направиме чуда: 3.000 гледачи во Софија со долг аплауз за музичарите од Македонија, Грција и Бугарија

11 months ago

Популарни Вести

  • Кифер Сатерленд приведен во Холивуд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Банон предупредува: Арктикот ја става Канада во фокусот на американската стратегија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 10 интересни факти за Гренланд – најголемиот остров со стратешко значење за светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гренланд: Голем протест во Нуук против плановите на Трамп за преземање од САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сериозна сообраќајка на „Борис Трајковски“ кај Пинтија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.