Претседателот на Сирија, Ахмед ел-Шара, издаде декрет со кој на сириските Курди им се доделува формално државјанство и признавање на нивниот јазик како национален, објави државната новинска агенција SANA.
Ова е првпат курдскиот идентитет да биде официјално признаен во рамките на сириското општество, а курдскиот јазик добива статус на национален, на еднакво ниво со арапскиот.
Признавањето доаѓа по минатонеделните судири во Алепо меѓу владините сили и курдските Сириски демократски сили (СДФ), при што загинаа најмалку 23 лица, а над 150.000 граѓани беа принудени да го напуштат градот.
Во текот на минатата година, сириската Влада и СДФ преговараа за интеграција на курдските воени и цивилни структури во државните институции, но досега постигнаа ограничен напредок. Новиот декрет, сепак, претставува значаен чекор кон признавање и заштита на правата на курдската заедница во Сирија.










