Лишен од слобода тетовец баран со потерница за издржување затворска казна од три години
На 16.01.2026 во 13:30 часот, на ул. „Јордан Златаноски“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Б.Л. (39) од Тетово. Тој бил баран со потерница по судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од КЗ. Б.Л. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.









