Македонската заедница во Австралија и годинава ќе го одбележи големиот христијански празник Водици, продолжувајќи ја традицијата далеку од татковината. Една од централните церемонии ќе биде организирана од Македонската православна црква „Света Петка“ во Рокдејл.
Според најавите од црквата, чинот на фрлање на светиот крст ќе се одржи во морските води кај Kyeemagh Baths, каде што верниците ќе имаат можност да присуствуваат на осветувањето на водите и традиционалното фаќање на крстот.
Во пресрет на празникот, храмот „Света Петка“ веќе ја одбележа и Василица, со одржување света литургија и заедничка молитва во присуство на бројни верници.
Со ваквите настани, Македонците во Австралија продолжуваат да ги негуваат верата, традицијата и духовното заедништво, пренесувајќи ги обичаите и на помладите генерации.









