Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека САД мора да преземат директна улога во контролата на Гренланд, бидејќи Европа, според него, нема капацитет самостојно да ја гарантира безбедноста на стратешки важниот арктички регион.
Изјавата беше дадена во интервју за американската емисија „Meet the Press“, а ја пренесоа неколку меѓународни медиуми и профили на социјалните мрежи. „Европа е премногу слаба да се брани. САД мора да го преземат Гренланд за да ја обезбедат стабилноста и безбедноста во Арктикот“, наводно изјавил Бесент.
Изјавата веднаш предизвика реакции во Европа, каде ваквиот став се оценува како отворен притисок врз суверенитетот на Данска и Гренланд, но и како нов сигнал за засилена геополитичка борба меѓу големите сили за контрола врз Арктикот, богат со природни ресурси и стратешки поморски патишта.
Официјален Копенхаген засега не се изјасни, но аналитичарите предупредуваат дека ваквите пораки можат дополнително да ги влошат трансатлантските односи и да отворат нова безбедносна криза во северниот дел на Европа.










