Европската комисија уште еднаш повика на брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводната употреба на звучен топ на антивладиниот протест во Белград, што се одржа на 15 март 2025 година, јавува Макфакс.
Според европските институции, постојат сомневања дека на протестите против српските власти бил користен звучен уред со многу висока интензитет на звук, што може да предизвика сериозни здравствени проблеми кај учесниците. Комисијата истакнува дека е важно да се утврди дали полицијата или други служби го употребиле овој вид опрема и дали тоа претставува прекумерна сила.
Случајот беше делумно истражуван и претходно, откако медиумите пренесоа информации дека српските разузнавачки служби во соработка со руските служби тестирале звучни уреди на животни. Во официјалниот извештај на српскиот претседател беше наведено дека уредите не предизвикале реакција кај тестирани животни и дека, според тоа, звучен топ не е употребен. Русија не дала официјална изјава по ова прашање.
Европската комисија истакнува дека односите со Русија не може да продолжат како досега, особено во делот на безбедносни прашања, и дека властите во Србија имаат обврска да ги заштитат демонстрантите од повреди и насилство.
Случајот е предмет и на интерес на Европскиот суд за човекови права, кој ја следи истрагата за наводите за можната употреба на звучно оружје.
Ова прашање ја отвори дебатата во регионот за границите на полициската интервенција на јавни протести и за заштитата на основните човекови права при судири меѓу демонстранти и безбедносните сили.










