Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицковски: Започна изградбата на собирната улица „Туристичка“ во Струга – инвестиција од 135,8 милиони денари за подобра урбана поврзаност

by Уредник
18.01.2026
in Македонија

Во Општина Струга е во тек работната фаза од проектот за изградба на собирната улица „Туристичка“, која ќе ја поврзе крстосницата со улица ЈНА со населбата Езерски Лозја, објави премиерот Христијан Мицковски на официјалниот владин портал за капитални проекти.


Станува збор за еден од клучните инфраструктурни зафати за подобрување на урбаната поврзаност и сообраќајниот проток во градот, со кој значително ќе се олесни пристапот до туристичките и станбените зони, како и секојдневното движење на граѓаните.


Проектот опфаќа изградба на современа улица со должина од 1,5 километри и ширина од 24 метри, со целосна коловозна конструкција, сообраќајни ленти, пешачки површини и комплетна комунална инфраструктура, прилагодена на потребите на урбаниот развој и зголемениот сообраќај.


Во моментов се изведуваат градежни активности за подготовка на трасата, изградба на коловозната конструкција и оформување на основната сообраќајна инфраструктура, со што се поставуваат темелите за функционална, безбедна и долгорочно одржлива сообраќајница.


Вкупната инвестиција изнесува 135.850.000 денари и е обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт, како дел од стратегијата за унапредување на локалната и регионалната инфраструктура.


„Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина“, порача премиерот Мицковски, нагласувајќи дека ваквите инвестиции се клучни за развојот на општините, подобар квалитет на живот и рамномерен регионален развој.

Next Post

(ВИДЕО) Револуција во енергетиката: Кина пушти воздушна електрана што произведува мегавати на 2.000 метри височина

„Комуналец“ Битола започна голема акција за кастрење дрвја и чистење на сообраќајниците

Препорачани Вести

Курти пред руски пранкстер зборува за сексуалноста на Ричард Гренел, близок соработник на Трамп (ВИДЕО)

10 months ago
Крвава ноќ во Париз по триумфот на ПСЖ: Двајца загинати, стотици уапсени

Крвава ноќ во Париз по триумфот на ПСЖ: Двајца загинати, стотици уапсени

8 months ago

Популарни Вести

  • oblaci

    Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја денес делови од Кисела Вода и Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на водоснабдувањето во Маџир Маало од 9:30 часот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.