Првиот заменик-претседател на Владата на Македонија и министер за европски прашања, Беким Сали, ќе учествува на престижниот Лидерски состанок (Leadership Gathering) што ќе се одржи во Давос, Швајцарија, во периодот од 19 до 22 јануари 2026 година, јави Макфакс.
Овој состанок, кој редовно ги собира највисоките светски лидери, економисти, банкари, експерти и носители на одлуки од различни сектори, има за цел да ги адресира најзначајните глобални предизвици на денешницата – вклучувајќи климатските промени, меѓународните конфликти, социјалната грижа и економската стабилност.
Како дел од програмата на форумот, Сали ќе се обрати на еден од панелите каде ќе ги претстави гледиштата и приоритетите на Северна Македонија, особено во контекст на европските интеграции и регионалната соработка. Учеството на високи претставници од земјата на вакви глобални форуми е значајно за зајакнување на меѓународниот дијалог и позицијата на нашата држава на глобалната сцена.
Учеството на високи државни претставници на Давос, каде што се дискутираат најсуштинските глобални текови, се смета за значаен дипломатски успех и шанса за продлабочување на соработката со други лидери и меѓународни партнери.









![Ваков потпис на личната карта може да се види само во Македонија [ФОТО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/08/screenshot-2025-08-22-103029.png)
