Вчера попладне во атар на село Градско Балдовци, во Струмичко, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина 58-годишен тракторист.
Според пријавата што ја добила Полициската станица Струмица, тракторот со приколка натоварена со дрва паднал во коритото на река Тркање, а возачот, Д.Н. од Струмица, починал на местото на настанот.
На лице место извршен е увид од страна на јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, а смртта ја констатирал лекар од Медицинскиот центар.
Зелена Берза
Повеќе детали за причините и околностите на несреќата ќе бидат утврдени по комплетниот увид на надлежните.










