Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Во тек голема полициска акција во Батинци – дали е поврзана со истрагата за судијата Ристов и аферата за „Фехми Стафа“?

by Уредник
18.01.2026
in Скопје, Црна Хроника

Во моментов се одвива голема полициска акција во скопското село Батинци, каде што на терен се распоредени повеќе полициски екипи, возила на МВР и истражни служби.


Според неофицијални информации, акцијата е поврзана со предмет што се води од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а во јавноста веќе се шпекулира дека таа може да има директна врска со денешните претреси кај апелацискиот судија Ѓоко Ристов, осомничен во корупцискиот случај поврзан со поранешниот народен правобранител Фехми Стафа.


Потсетуваме, утринава Обвинителството изврши претреси кај судијата Ристов поради сомневања за злоупотреба на службената положба и примање мито, а Судскиот совет треба да одлучува дали ќе му биде определен притвор.


Засега од МВР и Обвинителството нема официјална потврда дали акцијата во Батинци е дел од истата истрага, но силното полициско присуство и тајноста на операцијата дополнително ги засилуваат сомнежите дека станува збор за проширување на истрагата во аферата што ја тресе судската власт.


Повеќе детали се очекуваат во текот на вечерта, кога надлежните институции ќе излезат со официјално соопштение.

Next Post

41 ГОДИШЕН МАЖ ОД ВЕВЧАНИ ВОЗЕЛ СО 2.37 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ: Полициски службеници од Струга го приведоа пијаниот шофер

Детали од претресот кај судијата Ристов: Со градежна екипа пробиен тајниот бункер зад плочки и цигли – пронајдени 350.000 евра во кеш

Препорачани Вести

policija tetovo

Тетово: Уапсен маж при обид за кражба во раните утрински часови

6 months ago
Хрватски војници ќе го чуваат Косово

Хрватски војници ќе го чуваат Косово

8 months ago

Популарни Вести

  • Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Хрватска е силен поддржувач на македонската европска перспектива

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ски сезоната на Копанки започнува оваа недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Платите лани се покачија за 9,2% – Славески вели дека околу растот на платите треба одговорно планирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Костадинка Палазова, гласот што го оживуваше македонското народно наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.