Monday, January 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Алиу: Алармантна е состојбата, се поголем број млади стануваат зависни од цигари!

by Redakcija
19.01.2026
in Македонија

Министерот за здравство, Азир Алиу во синоќешното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, се осврна на потребата од донесување нов закон за заштита од пушењето.

Законите сами по себе не може да бидат квалитетни и да дадат резултати ако немате цел екосистем. Законот дефинира рамка и строги правила за подобрување на екосистемот во одреден сегмент. Од друга страна, ако немате дополнителни индикатори за мерење и следење дали законот се применува, ќе имате само закон на хартија. Затоа можеби досега постојните закони за жал не даваа резултати. Ние прво направивме длабока анализа на постојната состојба, која покажа дека кај нас околу 50% од популацијата се зависни од цигари, и тоа пушат околу 18-22 цигари на ден, што значи во државата имаме двојно повеќе пушачи во споредба со европските стандарди. И ова е алармантно, особено што има пушачи и од најрана возраст, од 13-14 години има 7.7% активни пушачи, од 15-16 години се некаде 37%, а на електронски цигари 40%, истакна министерот Алиу.

    Тој потенцираше дека законот не е против пушачите, туку идејата е законот да ги штити пушачите кои се околу 50% од населението, и да помогне тие да се откажат од пушењето.

    – Замислете наш граѓанин кој работи во угостителски објект каде што се пуши внатре. Тој без оглед дали сака или не, пасивно е изложен на чад од цигари осум часа на ден и на крајот од денот е пасивен пушач. Разговарав со доктори кои велат дека има многу често случаи на кардиоваскуларни заболувања кога пациентите велат дека самите не се пушачи, но дома имаат членови на семејството кои пушат во затворени простории. Тоа значи дека и пасивните пушачи се во ризик, кога активните пушачи пушат во затворени простории. Нас како држава целта ни е да ги заштитиме граѓаните, додаде министерот.

    Next Post

    БМВ изгоре на регионалниот пат кај Тетово

    Давид Демјанов и Стефан Наков го фатија светиот крст во Злетово и Пробиштип

    Препорачани Вести

    Русија користи ново смртоносно оружје со долг дострел во нападите врз Украина

    Русија користи ново смртоносно оружје со долг дострел во нападите врз Украина

    2 months ago
    Американка била клинички мртва осум минути – тврди дека видела што не чека после смртта

    Американка била клинички мртва осум минути – тврди дека видела што не чека после смртта

    8 months ago

    Популарни Вести

    • Две финансиски друштва ограбени во Скопје за помалку од еден час

      0 shares
      Share 0 Tweet 0
    • Катастрофален пожар во Карачи: Загинаа најмалку шест лица, десетици продавници уништени

      0 shares
      Share 0 Tweet 0
    • Младите ја запоставуваат здравствената грижа – проблем кој не смее да се игнорира

      0 shares
      Share 0 Tweet 0
    • Автомобилското стакло под ризик: Екстремните температури можат да предизвикаат пукнатини

      0 shares
      Share 0 Tweet 0
    • Геополитички трговски шок: Златото рекордно, берзите во пад по заканите на Трамп

      0 shares
      Share 0 Tweet 0
    • Македонија
    • Економија
    • Република
    • Балкан
    • Свет
    • Црна Хроника
    • Скопје
    • Технологија
    • Спорт
    • Импресум

    Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

    No Result
    View All Result
    • Македонија
    • Економија
    • Република
    • Балкан
    • Свет
    • Црна Хроника
    • Скопје
    • Технологија
    • Магазин
    • Спорт

    Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.