Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Богојавление – Водици свечено одбележано меѓу Македонците во Албанија, Данко Марко го фати крстот во Пустец

by Redakcija
19.01.2026
in Балкан

Православниот празник Богојавление – Водици беше свечено одбележан во средините во Албанија каде што живеат православните Македонци. Во Мала Преспа, верниците традиционално се собраа во селските цркви, каде што беа одржани литургии од страна на свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири.

По богослужбите, според вековната традиција, со крст украсен со босилек, верниците се упатија кон брегот на Преспанското Езеро, каде што беше положен светиот крст во сите девет села од овој крај.

Во Пустец, седиштето на Општината, по богослужбата во црквата „Свети Атанасиј“, што ја одржа отец Темелко, осветениот крст беше положен во езерските води. Најсреќен меѓу учесниците беше Данко Марко, кој го фати крстот и на сите им посака здравје, среќа и благосостојба.

Празникот на своите сограѓани им го честиташе и градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, кој истакна дека традицијата мора да се негува и пренесува на младите генерации, додавајќи дека Данко Марко ќе биде соодветно награден од Општината.

Според обичајот што се практикува со векови меѓу Македонците во Мала Преспа, оној што ќе го фати крстот, во придружба на други момчиња, ги посетува сите домови во селото, каде што домаќините ги даруваат. По посетата на сите куќи, крстот повторно се враќа во селската црква, каде што останува до следното Богојавление.

Next Post

Исчезнат од јавноста судијата поврзан со 350.000 евра пронајдени во ѕид, институциите без одговор каде се наоѓа

Мицкоски во Давос: Фокус на инвестиции, енергетика и нови технологии на Светскиот економски форум

Препорачани Вести

Градоначалникот на Битола се сретна со учесниците на „Први на Први на Пелистер“

4 weeks ago
Кина вложува милијарди во воена технологија, конфликтот помеѓу Индија и Пакистан е првиот тест

Колумбија вложува над 4 милијарди долари во флота шведски авиони „Грипен“

2 months ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.