На 18.01.2026 во 13:10 часот во Полициското одделение Попова Шапка, А.Д. од Скопје пријавил дека на скијачката патека, неговата малолетна ќерка и нејзината другарка се судриле со метална санка, управувана од друго дете, кое било во придружба на родител. Во судирот со тешки телесни повреди се здобила малолетната Ј.Е., констатирани во Клиничка болница Тетово.









