Македонската фудбалска репрезентација го задржа 66. место на најновата ФИФА ранг-листа објавена денеска, со идентичен број на бодови како и на претходното рангирање – 1378,57.
На врвот на листата останува Шпанија со 1877,18 поени, пред Аргентина и Франција. Во Топ 10 се уште Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Мароко, Белгија и Германија.









