Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Медведев со навреди кон Европа по најавите на Трамп за нови царини

by Redakcija
19.01.2026
in Свет

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, со остра реторика се осврна на политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, прашувајќи дали европските земји ја разбираат вистинската тежина на пораките што доаѓаат од Вашингтон.

Во објава на социјалната мрежа X, Медведев го интерпретираше слоганот „Да ја направиме Америка повторно голема“ (MAGA) како директна закана за Европа. „MAGA = Да ја направиме Данска повторно мала (MDSA) = Да ја направиме Европа повторно сиромашна (MEPA). Дали конечно ја разбравте оваа идеја?“, напиша Медведев со навредлив тон.

Неговата реакција следува откако американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царини од 10 проценти за повеќе европски земји, меѓу кои Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Обединетото Кралство, Холандија и Финска. Според најавата, царините во февруари ќе се зголемат на 25 проценти и ќе останат на сила сè додека не се постигне договор за купување на Гренланд од страна на Соединетите Американски Држави.

Изјавата на Медведев дополнително ги нагласува геополитичките тензии и растечките поделби меѓу САД, Европа и Русија, во време на засилени економски и политички притисоци на глобалната сцена.

Next Post

Трамп со нов притисок околу Гренланд: Данска не ја гарантира безбедноста на Арктикот

zima

Променливо облачно со нови снежни врнежи

Препорачани Вести

Затворен аеродромот во Копенхаген поради дронови, аларм прогласен и во Осло

4 months ago

Божиновска: Ред во изградбата на нови енергетски капацитети – за прв пат годишен план – ќе се гради она што е приоритет за државата и граѓаните

5 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.