Двајца малолетници биле физички нападнати на фудбалскиот стадион „Борис Трајковски“ во Маџари од група лица со фантомки, информира Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, поднесена вчера во 13:15 часот од Е.О. (37) од Скопје, нејзиниот малолетен син, заедно со уште двајца негови другари, отишол на стадионот за да следи фудбалски натпревар. Таму биле пресретнати и нападнати од неколку лица со фантомки, најверојатно исто така малолетници, кои користеле тврди предмети, а дел од напаѓачите го снимале инцидентот со мобилен телефон.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на идентитетот на сторителите.










