Monday, January 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Нови детали за Апелацискиот судија Ѓоко Ристов

by Redakcija
19.01.2026
in Црна Хроника

Потрагата по уште пари и докази против апелацискиот судија Ѓоко Ристов продолжува, по претходно откриениот сомнителен имот. Деновиве во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид, за кои истрагата проценува дека се без покритие.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) истакнуваат дека јавниот обвинител во наредните денови ќе одлучи за мерки за обезбедување на присуство на осомничениот.

Пред една недела Ристов информирал дека заминува на боледување, по што не се појавил на работа, а неговиот мобилен телефон не е во употреба веќе повеќе од еден месец. Ова се случува откако се отвори истрагата против адвокатот Фехми Стафа за поткупување судија во Скопска апелација.

Според истрагата, Стафа му дал поткуп на Ристов во име на бизнисменот Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот, кој до неодамна бил во бегство. Обвинителството потврдува дека истрагата е дел од поширока постапка за противправно стекнување и прикривање имот, како и корупција и трговија со влијание во Апелацискиот суд Скопје.

Next Post

Традиционалната македонска прослава на Водици собра стотици верници во Волонгонг - Австралија

Европа одлучно одговори на царинските закани на Трамп за Гренланд

Препорачани Вести

Велика Британија повикува на 50-дневна кампања за Украина пред истекот на ултиматумот на Трамп

6 months ago
10 најдосадни градови: Дубаи прогласен за најдосаден град, a последниот на листата е еден од омилените за живот на Македонците

10 најдосадни градови: Дубаи прогласен за најдосаден град, a последниот на листата е еден од омилените за живот на Македонците

10 months ago

Популарни Вести

  • ФОТО: Најмалку 39 жртви во тешка железничка несреќа во Шпанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Американските сили целосно се повлекоа од Ирак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од утре започнува тестирање на камерите за „Безбеден град“ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јовица Илиески-Кара го фати крстот за Водици во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски го честита Богојавление – Водици на граѓаните на Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.