Министерството за внатрешни работи известува дека од 20 до 31 јануари ќе се спроведува тестирање, калибрација и верификација на камерите за сообраќаен надзор поставени во рамки на проектот „Безбеден град“.
Тестирањата ќе се изведуваат секој ден од 08:00 до 20:00 часот, а на локациите каде се врши тестирањето, возилата нема да можат да поминуваат додека трае постапката.
Во првата недела активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на Скопје.
Од МВР апелираат до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања и да покажат разбирање, трпение и соработка за непречено и безбедно реализирање на активностите.










