Monday, January 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ОЈО-ГОКК: Засега нема притвор за судијата Ристов, постапката е во тек

by Redakcija
19.01.2026
in Црна Хроника

За судијата Ѓоко Ристов засега нема да се бара определување притвор, ниту има информации дека тој е задржан од надлежните органи. Ристов и понатаму ужива судиски имунитет, кој може да биде одземен од Судскиот совет по барање на судија на претходна постапка.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека истрагата е во тек и дека конечна одлука за евентуални мерки ќе биде донесена во наредните денови.

„Се продолжува со постапувањето и јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, деновиве ќе процени во однос на мерки за обезбедување на присуство на осомничениот, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, соопштуваат од ОЈО-ГОКК.

Ристов е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот. За време на претрес во домот на неговите родители во Неготино, извршен по судска наредба, биле пронајдени 350.000 евра скриени во соѕидан простор во ѕид.

Обвинителството наведува дека парите се сомнителни како незаконски стекнати и дека случајот е дел од поширока истрага за висока корупција, поткрепена со информации од Агенцијата за национална безбедност. Истражните дејствија продолжуваат, а во зависност од нивниот исход ќе се одлучува дали ќе се побара притвор и одземање на судискиот имунитет.

Next Post

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија, железничкиот сообраќај во прекин

Македонската дијаспора во Сиднеј го прослави Водици

Препорачани Вести

Општина Битола: Екипите се на терен по оштетување на тротоар на булеварскиот влез

4 months ago
Паника во НАСА и Пентагон по расправијата помеѓу Трамп и Маск

Паника во НАСА и Пентагон по расправијата помеѓу Трамп и Маск

8 months ago

Популарни Вести

  • Заменик министерот за образование Алиу објави дека поднел неотповиклива оставка од функцијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Давид Демјанов и Стефан Наков го фатија светиот крст во Злетово и Пробиштип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • БМВ изгоре на регионалниот пат кај Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Алармантна е состојбата, се поголем број млади стануваат зависни од цигари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Насилен инцидент на стадионот во Маџари: Малолетници претепани од маскирани лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.