На 18.01.2026 во 16:00 часот во Полициското одделение Јегуновце е пријавено дека во семејниот дом во с.Јегуновце, тетовско, е пронајдена почината С.С.(76) од селото. Екипа од Итна медицинска помош Тетово констатирала смрт без видливи траги на насилство. Увид извршила екипа на СВР Тетово во присуство на јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е дадено на обдукција.









