Министерот за транспорт Александар Николоски објави ноќно видео од експресниот пат Градско–Дреново, нагласувајќи дека со оваа сообраќајница значително се подобрува поврзаноста меѓу Пелагонија и главниот град.
„Со овој експресен пат Прилеп, Битола, Ресен, Могила, Новаци, Крушево и цела Пелагонија се поблиску до Скопје, а патувањето е и многу побезбедно“, истакна Николоски.
Објавата е направена во пресрет на празникот Богојавление – Водици, при што министерот упати и празнична честитка до граѓаните, посакувајќи среќа и безбедни патувања.










