Две момчиња, едното на 20, а другото на 26 години, по традиционалното фрлање на светиот крст во реката Вардар по повод празникот Водици вчера на пладне, завршиле во болницата „8 Септември“ поради премрзнување,. Сепак, според информациите, нивната здравствена состојба е стабилна.
Оваа година, условите во реката беа особено предизвикувачки. Студената вода и високата воденост на Вардар отежнаа не само пливањето, туку и безбедното излегување на учесниците на кејот. Неколкумина се држеа за сигурносните јажиња поставени во реката, чекајќи ги спасувачките екипи да им помогнат да се извлечат.
Екипите на Црвениот крст активно им пружаа помош на пливачите и обезбедуваа да никој не остане во вода подолго од безбедното. Оваа година за учество се пријавиле 160 учесници, од кои 140 навистина се фрлиле во реката за да ја продолжат вековната традиција на Водици.










