недела, април 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Грција во црвен аларм: училишта во Атина утре затворени

by Redakcija
20.01.2026
in Балкан

Пет грчки региони се ставени под црвен аларм поради претстојното невреме, со очекувани обилни дождови, локално интензивни снежни врнежи и силни ветрови, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за климатски кризи и цивилна заштита одржа состанок на кој беа разгледани условите за региони Атика, Пелопонез, Тесалија, како и централна и северозападна Грција, и донесе одлука за вклучување на црвениот аларм.

Поради безбедноста на учениците и наставниот кадар, префектот на периферијата Атика, Никос Хардаљас, најави дека утре сите државни и приватни училишта во поширокиот регион на Атина ќе останат затворени, а наставата ќе се одржи онлајн. Одлуката е превентивна, со цел да се избегнат ризици при движењето кон и од училиштата, бидејќи се очекуваат интензивни врнежи од дожд во текот на денот.

Хардаљас посочи дека внимателно се следат „капацитетите и слабостите на старите инфраструктури“ и дека целта е да се обезбеди безбедноста на децата. „Се очекува особено интензивно невреме по 12 часот, со силни грмежи, ветрови и големи количества вода за кратко време. Наставата нема да се изгуби благодарение на онлајн формата, а со тоа го ограничуваме движењето во критичните часови,“ истакна тој.

Целокупниот механизам на цивилната заштита на периферијата Атика е ставен во висока подготвеност.

Related Posts

Неверојатен настан: Морето во Грција исфрли хашиш вреден 320.000 евра на плажа на Родос

05.04.2026

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА НАПАДОТ НА ГАДОВОДОТ ВО СРБИЈА: Мигрант со воена обука планирал да го крене во воздух „Балкански тек“ – експлозивот бил американски

05.04.2026

СТАНОВИ ПРЕТВОРЕНИ ВО ЛАБОРАТОРИИ: Полицијата во Белград разби мрежа за одгледување марихуана – уапсен 31-годишник

05.04.2026

Воз излета од шини на линијата Суботица–Белград – втор инцидент за една недела

05.04.2026

СРПСКАТА ВОЈСКА И ПОЛИЦИЈА НА НОЗЕ: Пронајден експлозив со разорна моќ кај Кањижа покрај гасоводот „Балкански тек“

05.04.2026

Албулена Хаџиу е назначена за в.д. претседател на Косово по истекот на мандатот на Вјоса Османи

05.04.2026

Препорачани Вести

Иран нема да се откаже од конфликтот, вети генералот Хејдари

Иранскиот претседател им се извини на соседните земји по ракетните напади

4 недели ago

Аларм во Мексико – Вулканот Ел Чичон се буди по 40 години

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Хаос во Австрија: Бугарски државјани краделе гуми, па си ги заборавиле лични карти кои завршиле директно во рацете на полицијата!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатен настан: Морето во Грција исфрли хашиш вреден 320.000 евра на плажа на Родос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: АК „Олимп“ е гордоста на Битола и пример за врвни спортски резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НОВИ ДЕТАЛИ ЗА НАПАДОТ НА ГАДОВОДОТ ВО СРБИЈА: Мигрант со воена обука планирал да го крене во воздух „Балкански тек“ – експлозивот бил американски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТРАГЕДИЈА ВО ГЕРМАНИЈА: Паднато дрво усмрти бебе, мајка и девојче за време на велигденска потрага по јајца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.