Wednesday, January 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Грција во црвен аларм: училишта во Атина утре затворени

by Redakcija
20.01.2026
in Балкан

Пет грчки региони се ставени под црвен аларм поради претстојното невреме, со очекувани обилни дождови, локално интензивни снежни врнежи и силни ветрови, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за климатски кризи и цивилна заштита одржа состанок на кој беа разгледани условите за региони Атика, Пелопонез, Тесалија, како и централна и северозападна Грција, и донесе одлука за вклучување на црвениот аларм.

Поради безбедноста на учениците и наставниот кадар, префектот на периферијата Атика, Никос Хардаљас, најави дека утре сите државни и приватни училишта во поширокиот регион на Атина ќе останат затворени, а наставата ќе се одржи онлајн. Одлуката е превентивна, со цел да се избегнат ризици при движењето кон и од училиштата, бидејќи се очекуваат интензивни врнежи од дожд во текот на денот.

Хардаљас посочи дека внимателно се следат „капацитетите и слабостите на старите инфраструктури“ и дека целта е да се обезбеди безбедноста на децата. „Се очекува особено интензивно невреме по 12 часот, со силни грмежи, ветрови и големи количества вода за кратко време. Наставата нема да се изгуби благодарение на онлајн формата, а со тоа го ограничуваме движењето во критичните часови,“ истакна тој.

Целокупниот механизам на цивилната заштита на периферијата Атика е ставен во висока подготвеност.

Next Post

Незаборавна победа за Македонија! Романија падна во драматичен финиш

Полициска рација на забава во кумановско, 11 малолетници пиеле алкохол

Препорачани Вести

Акција на полицијата во Охридското езеро: Седум капетани управувале под дејство на алкохол

Акција на полицијата во Охридското езеро: Седум капетани управувале под дејство на алкохол

7 months ago
Една од најубавите плажи во Грција, целосно уништена во пожарот кој го зафати островот Тасос

Една од најубавите плажи во Грција, целосно уништена во пожарот кој го зафати островот Тасос

6 months ago

Популарни Вести

  • Сите државни патишта се проодни, екипите на „Македонија пат“ постојано се на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателскиот авион на Трамп се врати поради технички проблем – летот кон Давос одложен за еден час

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Србија останува надвор од линијата на ЕУ – одбива да го следи курсот на санкции против Русија и Белорусија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ не попушта: Секоја присила ќе ја сретне со одлучност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов скандал во судството: Уапсен вработен во Основен суд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.