Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Јордан Ангелески го фати светиот крст во Прилеп

by Simovski
20.01.2026
in Македонија
Јордан Ангелески го фати светиот крст во Прилеп

Прилеп оваа година доби свој најсреќен 17-годишник. Јордан Ангелески, ученик во прилепската гимназија, на централната манифестација за Богојавление – Водици, го фати светиот крст во базенот на хотелот „Салида“. За Јордан, ова беше прво учество, кое падна токму на неговиот именден – момент кој го нарече „огромна чест и радост“.

„Ова е мојата прва среќа, и навистина е посебна. Се пријавив за да скокам за здравје, а да го фатам крстот е незаборавно чувство. Бог се јави, навистина се јави“, изјави Јордан со насмевка полна возбуда.

Прилепскиот градоначалник, Дејан Проданоски, му посака многу среќа и му честиташе именден. Ангелески освен честта, доби сувенир и ваучер од 20.000 денари, како и подароци од локални спонзори.

Централната манифестација привлече околу 80 верници, но Богојавлението – Водици во Прилеп се одбележа на 20 локации со вкупно околу 500 учесници. Во дворот на црквата „Свето Благовештение“, традиционалниот водосвет се одржа во малото базенче со учество на 12-тина деца до 13 години. Најсреќен меѓу нив беше 12-годишниот Стилијан Кондоски.

На Плетварското езерце, старите традиции продолжија – верниците се искапаа во осветените води, а многумина го добија и дрвениот крст како спомен. Параклисот покрај езерцето, изграден со донации, годинава повторно беше осветен, потврдувајќи ја силната духовна врска на прилепчани со празникот.

Next Post
usa

Бесент повикува Европа да не реагира импулсивно на изјавите на Трамп

jakov milatovic

Милатовиќ за Гренланд: Црна Гора ја поддржува стабилноста во Арктикот и соработката во НАТО

Препорачани Вести

Предупредување од една од клучните сили на НАТО: „Сега е јасно. Мораме да го направиме ова. Во спротивно – готови сме“

4 weeks ago
Близок соработник на рускиот претседател откри што прави лидерот на Русија во слободно време: Путин секојдневно го прави ова

Близок соработник на рускиот претседател откри што прави лидерот на Русија во слободно време: Путин секојдневно го прави ова

10 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.